сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ на координација со партиското раководство

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања, одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени е закажан во 14 часот.

Претресот по оваа точка на дневниот ред почна во средата. Предлогот за уставни измени го образложи премиерот Зоран Заев. Во дебатата по претресот учествуваа пратеници од сите пратенички групи, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против дневниот ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top