вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 48 ново

Средношколци од Србија учат за органска храна од Дојран

Група средношколци од Србија деновиве во Дојран беа гости на една од фармите за производство на органски бадеми и беа вклучени во нивната берба.

Покрај практичната работа на органски овоштарник, учениците од Србија имаа можност да следат и теоретска обука преку едукативни сесии водени од нивниот домаќин, Димче Балески.

Балески важи за еден од пионерите на органското производство во Македонија.

Средношколците од Србија во Дојран поминаа скоро две недели, искористувајќи ја можноста да ги посетат позначајните знаменитости на Дојран и околината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top