петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Меган Маркл во сина креација од Живанши на кралската свадба (Видео)

Меган Маркл и принцот Хари пристигнаа во капелата „Сент Џорџ“ каде самите тие пред неколку месеци се заколнаа на вечна љубов. Поводот сега е венчавката на принцезата Јуџин и Џек Бруксбанк.

37-годишната војвотка од Сасекс носеше отмена креација од Живанши во темносина нијанса и шапка од Ноел Стјуарт.

Меган и Хари следната недела ќе ја започнат официјалната турнеја низ Австралија.

И 36-годишната претставничка на британското кралско семејство мамеше воздишки додека заедно со принцот Вилијам се упатуваше на свадбата на принцезата Јуџин во катедралата „Сент Џорџ“. Само комплименти пристигнуваат на нејзина адреса за врвниот стајлинг кој вклучуваше креација од Александар МекКвин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top