среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Почина албанскиот поет Фатос Арапи, добитник на „Златен венец“ на СВП

Вчера почина истакнатиот албански поет Фатос Арапи, кој во Струга на поетскиот фестивал беше награден ао највисокото признание -„Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата.

Роден е 1930 година, студирал економија во Бугарија, а во Тирана работел како новинар и лектор на модерната албанска литература. Неговиот творечки опус се состои од 25 книги. Автор е на филозофски стихови, љубовна поезија и на елегии. Вниманието врз себе го свртува уште во далечнте 60-ти години од минатиот век, кога ги објавил збирките поезија Поетски патеки и Поеми и стихови. Со тие збирки внел елементи од светските книжевни текови и идеи во албанското творештво, што долги години било во стагнација. Во многу книжевни списанија неговата поезија е опишана како хармонија во која се спојуваат морските бранови и идеите за ослободување на индивидуата од стегите што врз творецот ги наметнуваат некои општества. Поради промените што ги пропагирал преку уметноста, често се соочувал со проблеми во време на комунистичкиот режим во Албанија. По падот на тој режим, Арапи го засилил своето творештво. Тој беше една од водечките фигури во поетското творештво во тој дел од Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top