понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Ги оговарала по селото и заработи парична казна

Хрватка од околината на Бјеловар е прогласена за виновна и е осудена на казнено дело за посрамотување на сопружниците Иван и Ѓурѓица кои имаат куќа во нејзиното соседство.

Пресудата вели дека таа мора да плати 5.000 куни, сума која нема да ја плати ако во рок од една година не го повтори делото. Но, Хрватката која ги оговарала соседите по селото мора да ги плати сите судски трошоци.

На судењето биле изнесени бројни докази. Осудената за своите соседи пред трети лица говорела дека „откачиле“, дека не знаат што прават и дека не се нормални. Според судот, таа многу ги навредила и посрамотила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top