среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ во МОБ

Во вторник, 16 октомври, 2018 година со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди. „Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи  Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат: Првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски.

Настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top