среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“

Третиот по ред Меѓународен филмски фестивал за духовни,  хумани и културни вредности “Богородичен покров”, годинава ќе се одржи од 15 до 18 октомври 2018 година во Скопје, во Кинотеката на Република Македонија. На фестивалот се прикажуваат филмови со духовни, хумани, морални, религиски  и семејни вредности и филмови од културното и духовно наследство.

Свеченото Отворање на Фестивалот е на 15 октомври / понеделник во 20 часот во Кинотеката на Република Македонија. Фестивалот е поддржан од Амбасадите на Чешката Република, Словачка Словенија, Романија и Босна и Херцеговина.  На Свеченото Отворање ќе се обратат Амбасадорите на Чешка, Словачка и Словенија и други поддржувачи и гости.

Фестивалот ќе го прогласи за отворен Почесниот Претседател проф.д-р Јован Таковски, протојер-ставрофор, кој ќе ги додели и  Дипломите за духовни и хумани вредности на покровителите и гостите.

Отворањето на фестивалот е со документарниот филм Очите на Фотографката, добитник на околу 70 интернационални награди, во режија на  Матеј Минач, лауреат со бројни награди и признанија меѓу кои и наградата Emmy Award. Филмот е во Чешко-Словачка продукција и е дел од годинешната програма на одбележување на јубилејот 100 години од основањето на Чехословачка. Исто така, на фестивалот гостин ќе е режисерот Денис Бојиќ од Босна и Херцеговина – Република Српска, со својот филм Лицата на Лафоре, кој ќе има трибина на 17. Октомври во 12.00 часот во Кинотека на Република Македонија, за новите методи во  светот на лекување на оваа тешка детска болест.

Основачи на фестивалот се Коле Јовановски, ТВ монтажер и режисер од МТВ и Зорица Костовска, ТВ и филмски продуцент, а членови на Програмскот совет  Драги Таневски – директор на фотографија, Владимир Ангелов-филмолог, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и Зорица Костовска, директор на фестивалот. Фестивалот е и во спомен на основачот Коле Јовановски, кој годинава прерано се  упокои во 58. година од животот.

Изборот на филмови од неколку држави има за цел да  придонесе за воздигнување на човечките, духовните  и семејни вредности во општеството. Организатор на фестивалот е Топ Ворлд – независна ТВ продукција од Скопје.  Влезот на фестивалот е слободен.

15. октомври – Понеделник Свечено отворање 20.00 ч. Kинотека R. Mакедонија официјална и концертна програма Гости на фестивалот: Н.Е. Miroslav Toman – Амбасадор на Чешка Република во Р. Македонија Н.Е. Henrik Markuš – Амбасадор на Република Словачка во Р. Македонија Н.Е. Milan Jazbec – Амбасадор на Република Словенија во Р. Македонија H.E. Viorel Stanila – Амбасадор на Романија во Р. Македонија Н. Е. Lepa Babić – Амбасадор на Босна и Херцеговина во Р. Македонија Denis Bojić – режисер/сценарист/ новинар- Босна и Херцеговина – Република Српска Претставници на Министерство за култура
Претставници Град Скопје

КОНЦЕРТНА ПРОГРАМА KОКТЕЛ 21.00 ч. Проекција на филм Очите на фотографката Сценарио и режија – Matej Mináč Извршен продуцент – Jana Gospičová Директори на фотографија – Jan Drnek, Peter Zubaľ Монтажа – Róbert Cuprík Piškula, Johana Nováčková, Lukáš Král, продукција Чешка/Словачка 84 мин.

16. октомври – вторник 19.00 ч. ПОKРАЈ МЕНЕ (Beside Me/ реж. Теди Некула / Tedy Necula РОМАНИЈА, 84 мин. 20.30 ч. АЛЕКСАНДРИНКИ (Aleksandrínka) Режија: Metod Pevec , Продуцент Danijel Hočevar РТСЛОВЕНИЈА 94 мин.

17. октомври – Среда 12.00 ч. ТРИБИНА ЗА НОВИ МЕТОДИ НА ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛЕСТА ЛАФОРЕ Гостин Денис Бојиќ 19.00 ч. ЗА МОЕТО ИМЕ – детски филм Режисер Марија Можар РУСИЈА 28 мин. 20.00 ч. ЛИЦАТА НА ЛАФОРЕ (Лица Лафоре/ Сценарио и Режија: Денис Бојиќ РТРС БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА- РЕПУБЛИКА СРПСКА, 88 мин.

18. октомври – четврток 19.00 ч. КУЛТОТ НА СВЕТИ НИКОЛА ВО МАВРОВО И ВО СВЕТОТ IN MEMORIAM – Коле Јовановски МАКЕДОНИЈА – 62 мин. 20.30 ч. 7 ЗБОРОВИ (7 Cuvinte / 7 Words) Режија: Андреј Негоита / Andrei Negoita РОМАНИЈА, 104 мин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top