среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Македонскиот научник Петрушевска дел од тимот најновото откритие на астрофизичари од Калифорнија

Во новото откритие на астрофизичарите кои најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда учествуваше и Македонската д-р Тања Петрушевска.

Студијата беше предводена од тим истражувачи од Калтеч институтот (Caltech – Калифорнсискиот институт за технологија). Во тимот учествуваше и Петрушевска, астрофизичар, дел од Универзитетот во Нова Горица и член на Скопско астрономско друштво.

Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Ова откритие е објавено во престижното списание Сајанс (Science).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top