среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Чолиќ двапати ќе ја полни салата „Борис Трајковски“

Поради големиот интерес на публиката. закажан е и втор концерт на Здравко Чолиќ во Скопје на 17 ноември. Билетите ќе бидат пуштени во продажба денес преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Пола Југотон и цвеќара „Розе” – Веро2, а од првиот концерт кој ќе се одржи во „Борис Трајковски“ (10 ноември) останати се уште само неколку партер и фанпит карти.

Во рамки на регионалната турнеја „Ono malo sreće“ , Здравко Чолиќ ќе одржи концерти во Загреб, во Тузла и во Скопје – два концерти (10 и 17 ноември).

Завчера беше промовиран и видеоспотот за песната „Ničeg nije bilo između nas“, со потпис на Александар Сретеновиќ, а аранжманот на Никша Братош.

  • Сензуалните сцени кои ги снимавме, досега не се видени во спотовите на Здравко. Моравме да ја внесеме магијата на провокацијата, заведувањето, приказна која ќе ги држи во неизвесност гледачите до самиот крај на спотот – изјави Александар Керкеш Кеки, режисерот кој својот визуелен печат го става и на овој спот.

Приказната за младиот брачен пар, кој поминува низ емотивни искушенија и кризни моменти, е снимана во Нови Сад.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top