среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Како да ги платите заостанатите сметки за вода и смет без камати и на рати?

Скопските јавни претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

-Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15. октомври до 3. ноември годинава, се наведува во соопштението.

Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, појаснуваат од „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ и додаваат дека и натаму ќе спроведуваат мерки и проекти во интерес на граѓаните на градот Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top