среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Вчера биле пријавени за исчезнати: Двајца татковци си ги бараат своите ќерки

 

Во полициските станици во текот на вчерашниот ден, две лица биле пријавени за исчезнати.

Околу 22 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, Ш.А. (60) од село Братин Дол, битолско, пријавил дека истиот ден околу 14 од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Ј.А. (33). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Околу 21 часот во Полициската станица Кавадарци, М.Е. (40) од Кавадраци пријавил дека истиот ден околу 13 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top