среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Сведоштво на мајката на убиецот: Плачејќи призна се, бил многу пијан и дрогиран

Осомниченот за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова го признал убиството пред неговата мајка. Тој тврдел дека бил многу пијам и дрогиран кога ја нападнал Маринова, која брутално ја тепал и силувал пред да ја задави.

Медиумите од регионот ја пренесуваат изјавата на мајката на 20-годишниот Бугарин, Северин Красимиров кој беше уапсен во Германија, дека нејзиниот син ја признал вината.

-Тој призна дека го сторил тоа додека бил пијан и многу дрогиран. Тој призна и почна да плаче пред мене, тој не е таков, не можам да го разберам тоа, изјави Надежда Красимирова на еден бугарски новинар во Германија каде што живее.

Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство поради силување и убиство на новинарката и побараа негова екстрадиција од Германија.

Триесетгодишната Маринова, водителка на емисија за регионални случувања на локална телевизија, беше пронајдена во саботата во паркот во близина на пристаништето во Русе.

Красимов беше уапсен во куќата на својата мајка каде што побегнал по бруталното злосторство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top