сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Најголемо откритие во Егејското Море: Потонати бродови кријат многу тајни

Археолозите во Грција пронајдоа 58 бродови, од кои на повеќето се наоѓаат антиквитети, што претставува најголемо откритие во Егејското Море, а веројатно и во Средоземното Море.

Потонатите бродови се наоѓаат во мал островски архипелаг Фурни во источниот дел на Егејското Море и повеќето од нив доаѓаат од грчкиот, римскиот и византискиот период, изјавија официјални лица.

Кога меѓународниот тим започна со подводни истражување во 2015 година беа пронајдени 25 потонати бродови, но со најновите податоци, бројот се зголеми на 58 брода, а археолозите веруваат дека на дното лежат уште многу тајни.

Истражувачките тимови во бродовите пронајдоа повеќе од 300 антиквитети, повеќето амфори, кои се, според директорот на истражувачкиот проект Фурни д-р Џорџ Куцуфлакис, главно се користеле за транспорт на вино, масло и мед.

Тој изјави дека веројатно лошото време е објаснувањето зошто е толку голем број на бродови потонале токму во Фурни.

Фурни е мала островска група во источниот дел од Егејско Море во триаголникот меѓу Патмос, Самос и Икарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top