среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Еуростат: Во Македонија просечниот работен век на работниците е 32 години

Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат.

Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.

Сличен работен век имаат нашите соседни земји. Во Грција тој изнесува 33 години, исто колку и во Бугарија. Исто толкав работен век имаат во Романија. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.

Во земјите членки на Европската унија, пак, просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија, до 42 во Шведска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top