петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 11 ново

Српските пратеници во иднина не ќе можат да преминуваат во други партии

Доколку бидат прифатени предложените измени на Деловникот за работа на српското Народно собрание, пратениците во иднина не ќе можат да преминуваат од една во друга пратеничка група, а доколку сепак решат да ги напуштат своите партии ќе мора да дејствуваат како независни пратеници, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.

Весникот неведува дека претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ веќе ја започнала постапката за промена на Деловникот, кој е усвоен пред осум години.

Според извори од Собранието, целта на ваквите измени е да се спречи можноста партии што не учествувале на изборите подоцна да имаат свои пратеници или пратенички групи во законодавниот дом, благодарение на народните избраници кои ќе решат да ги напуштат партиите на чии листи се избрани.

– Целта е да се стави крај на праксата пратениците, избрани од народот врз основа на една изборна програма, подоцна да преминуваат на страната на ривалските партии и да застапуваат сосема поинакви ставови и политики, наведува „Вечерње новости“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top