среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Најлон наместо покрив на училиште поради политички препукувања меѓу општина Гостивар и МОН

Најлонот поставен минатата година и оваа есен и зима ќе го штити училиштето “Гоце Делчев” во Гостивар од дождовите и снегот. Поради честите прокиснувања учениците седат со кофи низ училниците, а при пообилни врнежи, наставата во втора смена се прекинува, поради исклучување на струјата, објави ТВ Алфа.

Покривната конструкција на О.У. Гоце Делчев со години чека да биде реконструирана.Но, наместо да го решат проблемот, институците си ја префрлаат должноста едни на други.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари,се правда дека општината нема никакви ингеренции.Во Министерството пак, тврдат дека чекаат да им биде испратен проект.

Штетата од политичките препукувања ја трпат учениците, кои ниту во 21 век, немаат нормални услови за настава.Родителите се жалат дека ова е срам за институциите.

Училиштето е изградено во 1976 година.Од тогаш па наваму, нема речиси никакви инвестиции, за подобрување на наставниот процес,што годинава го посетуваат повеќе од 1000 ученици на македонски и албански јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top