понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Лига на нации: Србија ја освои Подгорица, Португалија подобра од Полска

Вечерва се одиграа неколку натпревари од Лигата на нациии, а во најинтересните од нив победи оставрија гостинските репрезентации.

Во најквалитетното друштво, А селекцијата на Португалија како гостин ја доби Полска со 3-2. Се тргна добро за домаќините кои поведоа преку клупскиот колега на Пандев, Пјатек, за подоцна на сцена на стапат европските шампионите кои предку Андре и Бернарно Силва дојдоа до водство, а автогол си даде и Глик.

До крајот Полјаците успеаа само да го ублажат поразот со голот на ветеранот Блашчиковски.

Групата Ц пак го донесе братскиот дуел на Црна Гора и Србија, дуел во кој главниот збор го имаше напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ. Прво во 18 минута успешно го реализираше ударот од белата точка, а во 81 минута стави точка на победата.

Останати резултати:

Израел-Шкотска 2-1

Литванија-Романија 1-2

Фарски О-Азербејџан 0-3

Косово-Малта 3-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top