понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Апсење ноќеска на аеродромот во Скопје: Лице барано за тешка кражба завршило во Идризово

Ноќеска околу 01 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Ј.С. (30) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спровод до Казнено-поправната установа Идризово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top