понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Инцидент во основно училиште во Кисела Вода: Скопјанец нападнал дете, па започнала групна тепачка

Вчера било пријавено дека околу 16 часот во дворот на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ на улица „Пушкинова“, општина Кисела Вода во Скопје, лицето А.С. (51) од Скопје физички нападнал 11-годишно момче.

А.С. физички го нападнал и лицето З.В. (61) од Скопје, кој се обидел да го заштити детето. Набргу потоа А.С. започнал и тепачка со лицата Д.П. (20), С.Н. (38) и К.Л. (36), сите од Скопје, кои реагирале на физичкиот напад на А.С. врз 11-годишното момче и З.В..

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top