понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Мурињо маскиран се појави на стадионот во Подгорица: Дојдов да го видам мојот пријател (фото)

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, како што беше и најавено, вечрва се појави на стадионот во Подгорица каде во друштво со црногорската фудбалска легенда Предраг Мијатовиќ, го следи натпреварот од Лигата на нациите меѓу репрезентациите на Црна Гора и Србија.

Мурињо се обидел да остане незабележан, па на трибините се појави со капче на главата, но беше „уловен“ од новинарските екипи.

Новинарите кои успеале да се доближат до Португалецот се обиделе да дознаат кој играч е под неговото „будно око“.

– Дојдов да гсе видам со мојот пријател, Предраг Мијатовиќ, одговорил тренерот на „Црвените ѓаволи“ не откривајќи ништо повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top