среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Цариградската патријаршија и даде автокефалност на црквата во Украина

Цариградската партијаршија денеска соопшти дека го почна процесот за давање независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква.

Цариградската патријаршија по денеска одржаниот редовен Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија.

Со укинување на таа одлука Цариградската патријаршија полага право на црквата во Украина.

Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на портпаролот на патријархот Кирил, кој истакна дека одлуката е „легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија“.

Одлуката на Цариградската патријаршија ја коментираше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика.

– Тоа е пад на третиот Рим, наведе Порошенко, додавајќи оти Украина ќе ги гарантира верските слободи на припадниците на сите конфесии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top