среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Убиецот на бугарската новинарка пред својата мајка го признал убиството (видео)

Мајката на 20 годишниот Бугарин, уапсен во Германија поради убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова,
изјавила дека нејзиниот син и признал дека е виновен.

„Призна дека тоа го направил додека бил пијан и многу дрогиран“, му рекла Надежда Красимирова на бугарски новинар во Германија каде живее. Таа додала дека нејзиниот син признал и почнал да плаче пред неа.

„Тој не е таков, не можам тоа да го разберам“, додала таа.

Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство за силување и убиство на новинарката и побараа негово испорачување од Германија.

Телот на 30 годишната Маринова, водителка на емисија за регионални настани на локална телевизија, е најдено во саботата во паркот во близина на дунавското пристаниште во Русе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top