вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Зошто жените паѓаат на оженети мажи!

Многу жени, поради лоши врски од минатото во кои биле изневерени, градат нова врски само со зафатени мажи, водејќи се по логиката дека таквиот маж нема да им се приближи доволно за да ги повреди.

Дури 40% од жените признале дека барем еднаш се обиделе да заведат маж кој веќе бил во врска или брак.

Многу експерти велат дека се работи за еден од најчестите и најризични начини на однесување: на жените кои немаат доволно самодоверба им се допаѓаат недостапни мажи.

Ако некој маж покаже искрен интерес за нив, тие си помислуваат: „Нешто не е во ред со него“.

Додека жените потсвесно бараат сериозна врска, мажите најчесто бараат страст (малку секс надвор од врската или бракот). Затоа жените, особено оние кои бараат иден партнер, би требало да бидат многу внимателни и добро да размислат пред да се впуштат во врска со оженет маж. Иако не живееме во 50-тите години на минатиот век и денес врската со оженет маж се смета за нешто неприфатливо.

Совет од експертите:
Кога знаете дека нешто не е добро за вас, а и понатаму го правите тоа, тогаш проблемот мора да се реши како да се работи за некаква зависност. Прекинете ја таа врска. Некои жени кои веруваат дека не се створени за вистинска љубов, со своето однесување го поттикнуваат создавањето на ваквите врски.

Сигурноста, самодовербата, вкусот на „забранетото овошје“, сето тоа на прв поглед е многу привлечно, но запрашајте се дали има перспектива?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top