среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Заев го амнестираше осомничениот Османи, ќе го чува додека нема правосилна пресуда

Премиерот Зоран Заев нема да бара оставка од вицепремиерот Бујар Османи, кого вчера го осомничи СЈО во истрагата „пациент“ бидејќи против него немало правосилна пресуда.

Заев, против кого се уште има обвинение за примање Поткуп и за што нема правосилна пресуда дека не е виновен, денеска се појави заедно со Османи во Куманово, давајќи му заштита.

-Мојот став отсекогаш бил ист и продолжува да биде ист. Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже. Ова е само истрага. Ќе сакам да ги знам деталите, ќе го следам внимателно процесот и навремено ќе преземам мои активности ако нешто е поврзано со дигнитетот на Владата, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашавања во врска со новите истраги на СЈО во кои меѓу осомничените во случајот „Пациент“ се најде и вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи.

Заев одговараше и за тоа дали е вистина дека случаите на СЈО се толкуваат како притисок врз пратениците.

– Македонија е во еден специфичен период и сето она што се случува може и вака и онака да се толкува. Знам дека системот мора паралелно да фукнционира и работи. Не сум информиран ниту ги знам деталите за истрагите. Прочитав само од медиумите дека тоа се случува, не гледам никаква поврзаност во тоа што се случува во Собранието, затоа дебатата е транспарентна, јавна, јавно ќе се носат одлуките насекаде и верувам дека секоја институција паралелно со политичките одлуки кои се носат во државата, си носат одлуки, системот функционира и работи – рече Заев.

Бујар Османи е дел од шесте нови истраги што ги објави СЈО, а се однесува на периодот кога бил министер за здравство во владата на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top