сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Детали за сообраќајката на патот Куманово-Скопје, има повредени

– Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Куманово -Скопје на делницата Романовце-Миладиновци.

Според МВР, возилото „пежо 206“ со скопски регистарски таблици во 14:50 часот, управувано од 32-годишната Ј.Л.С, изгубило контрола, удрило во брегот и се превртело.

– Жената се здобила со повреди и е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, а сопатникот М.Л е неповреден, соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top