среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Сите слонови раѓаат, само во скопска зоолошка ражаат… (фото)

Денеска скопската Зоолошка градина беше преполна. Новите слонови беа атракција за посетителите, каде и беше најолемата гужва. Децата среќни, но и родителите што конечно, после долги години, во скопската ЗОО имаат можност да ги видат и овие животни.

Но она што на многумина не им се допадна е „едукацијата“ за посетителите. На таблите на кои е испишано кое животно е во тоа живеалиште, како и некои од карактеристиките на жителот, никој не водел сметка што пишува и како пишува.

Па така африканскиот слон живее кужно од пустината Сахара, а бремената женка ража едно малечко.

Индискиот слон пак, е распространет во Јужна и југисточна Азија со остроите Шри Ланка и Суматра.

Ова е само дел од „едукативниот“ текст за слоновите…. Младите навистина има што да научат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top