понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Пред стрелачки вод нека ме стават, уставни измени не им гласаме: Јакимовски потврдува дека Заев испраќал луѓе со непристојни понуди (ВИДЕО)

„Јас сум почестен во оваа глобална битка во која што Македонија не само што се спротивставува, туку и во овие напади треба да се брани за набавки од Русија, Турција и Кина. И сега тука јас сум почестен, во ова друштво се наоѓа и Стевчо Јакимовски. Заедно со Путин, Ердоган и Кси Џинпинг” – рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски откривајќи дека оваа истрага против него е отворена откако ги одбиле непристојните понуди на Заев за пратеникот Панчо Минов да гласа „За” уставните промени.

„Да, имаше непристојни понуди. На два пати го викаа (пратеникот) на разговори за да го убедуваат да гласа, во предмет на разговорот сум бил и јас. Нормално дека не попуштивме, и нема шанси да попуштиме. Многу добро знаат кој го повикувал нашиот пратеник, по налог на Зоран Заев. Нема шанса да попушти ГРОМ и нема шанса да гласа (пратеникот).” – вели Јакимовски.

Тој додава дека неговата партија нема шанси да гласа за уставни промени, ако сакаат и пред стрелачки вод да го стават, ниту кривични пријави го плашат ниту други закани, вели Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top