понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Барселона без Умити до крајот на годината

Самуел Умтити, најверојатно нема да игра до крајот на годината поради повреда на коленото, пишува каталонски  Спорт.

Францускиот стопер се повреди на натпреварот против Леганес на 26 септември, поради што ги пропушти дуелите со Билбао, Тотенхем и Валенсија, а потоа откри дека повредата е посериозна од она што беше првично предвидено.

Потребна е пауза од неколку месеци, па Умити ќе пропушти големи натпревари како оние против Севиља, Интер и Реал Мадрид.

Најверојатно, фудбалерот на шпанскиот шампион ќе мора да оди на операција.

Тој е еден од најсигурните во одбраната на Барселона и во светот, а неговиот отсуство се совпадна со лошите резултати на каталонскиот тим и четири меча во Примера без победа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top