понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)

Во 12 градови во Србија утрово германскиот трговски ланец „Лидл“ ги отвори своите први 16 супермаркети.

Почетокот со работа на познатиот трговски ланец на супермаркети во Србија го означи српскиот претседател Александар Вучиќ со свечено отворање на една од продавниците во Белград.

Огромни редици го означија почетокот на работното време пред сите маркети. Српските медиуми пренесуваат дека граѓаните на големо ги искористиле првите промоции. Новосаѓанец купил 500 килограми шекер, а една белграѓанка дури триесет замрзнати пилиња.

Во Лесковац, токму промоцијата на пилиња за 119 динари (62 денари) по килограм, доведе и до расправија за последното пиле помеѓу две жени.

Интервенирала и Брзата помош кога на еден член на обезбедувањето му се слошило.

Супермаркетите на „Лидл“ се градени според постоечките стандарди на овој познат трговски ланец, а во Србија утре, меѓу другите градови, ќе бидат отворени продавници во Белград, Лесковац, Ниш, Нови Сад, Крагуевац и Сомбор.

„Лидл“ има над 10.000 продавници во 27 земји во Европа и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top