понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Долговите за вода и смет ќе може да се платат без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

– Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15 октомври до 3 ноември 2018 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, се наведува во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top