понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Без мандат и кредибилитет, СЈО продолжува со монтирани процеси само против опозицијата

Со завршен мандат и без никаков кредибилитет вчера СЈО во соработка со Канал 5, ги погази сите правни и човечки принципи, објавувајќи 6 нови предмети на кои работи. Сите тие се насочени кон членови на опозицијата. Притоа Катица Јанева, наместо на јавна прес конференција да соопшти тоа што има да го каже, таа во емисијата „Вистина“ на Канал 5 се дрзна да обелоденува нови случаи, посочувајќи, наместо со иницијали, со име и презиме лица кои по основ на тие предмети ќе бидат гонети, без никаква пресумција на невиност и без никаква докажана вина.  Врз основа на наводната нивна вина Јанева констатираше дека тие го оштетиле буџетот за дури 80 милиони евра. Во емисијата на Канал 5, таа инстантно ги обелодени новите случаи, однапред пресудувајќи им на лицата чии имиња ги објави јавно.

Така според Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите отворени се шест нови истраги. Се работи за случаите „Подарок“,  „Пропаганда“, „Дизајн“, „Хармонија“, „Базни Станици“, „Пациент“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top