понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Објавени снимките од грабнувањето на новинарот на ,,Вашингтон пост” (видео)

Турските медиуми објавија видео од безбедносните камери , каде се гледа дека новинарот на ,,Вашингтон пост” , бил грабнат во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека лично ќе се ангажира за да се открие вистината во врска со новинарот, на кого му се губи трагата откако влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Џамал Кашоги , познат новинар и критичар на саудиските власти , писчњезнал на 2 октомври , откако влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка со турска државјанка. Турските власти наведуваат и дека новинарот е убиен и неговото тело е скриено , на што од конзулатот на Саудиска Арабија енергично демантираат.

Во исто време кога исчезнува новинарот , во Истанбул пристигнува група мажи од Саудиска Арабија , кои за кусо време си заминуваат од Турција , наведуваат извори од истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top