сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 43 ново

Тепачка вчера пред ЕТУЦ: Група ученици претепале скопски тинејџер

Вчера околу 11 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека на автобуска постојка кај ЕТУЦ „Михајло Пупин“ на улица „Благоја Стефковски“ имало тепачка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека група од пет до шест ученици од училишптето физички го нападнале Н.С. (18) од Скопје, исто така, ученик во училиштето.

Еден од напаѓачите бил затекнат на местото. Се работи за 16-годишен малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top