понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Гувернерот на Флорида со предупредување за ураганот: Бегајте, не можете да се сокриете!

Силниот ураган Мајкл достигна јачина на олуја од четврта категорија, неколку часа пред да се приближи кон крајбрежјето на Флорида. Јачината на ветрот е околу 210 километри на час, а до Флорида би требало да се намали кај околу 16 часот.

Наредена е евакуација на повеќе од 370.000 луѓе, Флорида прогласи вонредна состојба, а тоа го направија и Алабама и Џорџија. Најмалку 13 лица во Централна Америка настрадаа од невремето.

“Понатамошно засилување се очекува во среда, а се предвидува дека Мајкл ќе биде ураган од категорија од 4 степен пред да се приближи кон крајбрежјето”, објави Националниот центар за урагани од Мајами.

Тие предупредуваат дека ветрот во некои делови на Флорида може да предизвика бранови со висина до 4 метри. Како што е наведено, околу три часот после полноќ, помеѓу вторник и среда, олујата беше на околу 350 километри југозападно од градот Панама.

Мајкл сега се движи кон север.

-Намалување на невремето се очекува откако ќе се приближи кон Флорида, после што Мајкл ќе продолжи на југоисток, се додава.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот го нарече Мајкл “монструозно невреме” и апелираше кон граѓаните да ги слушаат надлежните.

-Да бидам јасен, невремето со кое се соочуваме е смртоносно за крајбрежните области, напиша на Твитер.

-Не ги игнорирајте предупредувањата на локалните надлежни лица, ова невреме би можело да Ве убие. Можеме да Ви ги обновиме куќите, но не и животите.

-Знам дека луѓето се уморни од ураганот Флоренс, но не дозволувајте ова невреме да Ве фати неподготвени, рекол гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер. Во опасност се 480 километри од крајбрежјето, објави Националната метеоролошка служба.

Прогнозите во Албама предупредуваат на можни торнада. “Многу добро сме подготвени за претстојната олуја”, рекол Доналд Трамп.

Локалните официјални лица предупредуваат дека не се евакуирани онолку луѓе колку што би требало. Флорида е навикната на невреме, но Пенхендл, со низок крајбрежен појас, не се соочил со бура од повеќе од десет години. Оние кои ќе останат ќе се соочат со страшни потешкотии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top