понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Нов закон во Грција: Туристите тешки над 100 кила нема да смеат да јаваат магариња

Акциите за поткренување на јавната свест вродија со плод и грчката влада застана во одбрана на правата на животните откако стави ограничување за максималната тежина на туристите на кои им е дозволено да јаваат магариња.

Ова особено се практикува на островот Санторини, каде магарињата ги качуваат туристите по стрмните скали.

За доброто на животните, грчката влада ги ограничи туристите потешки од 100 килограми да не смеат да јаваат магариња. Тежината на туристот исто така не смее да надмине една петина од тежината на магарето.

Магарињата мора да добиваат соодветна нега и храна, а организацијата за правата на животните ПЕТА дури имаше спроведено кампања за поткревање на јавната свест „Donkeys on Santorini Abused and Used as Taxis: Please Help Them!“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top