сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 43 ново

МВР со детали за апсењето на активистката Моника

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, вчера со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето М. Р. (30), поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ, соопштува денеска МВР.

Вчера на ул.Мите Богоевски во Скопје при извршен претрес кај М.Р. пронајдени и одземени се 39,7 мл хашиш-смола, 12 мл хашиш-масло, семки од канабис, околу 40 грама марихуана помешана со тутун, т.н. „тејзер“, односно тип на оружје кое спаѓа во групата на електрични парализатори, дигитални ваги, шприцеви и други предмети.

За ова лице се водат и други кривични постапки за истото кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top