понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Експлодира рафинерија во Босански Брод, има повредени (ВИДЕО)

Вечерва околу 21,30 часот силна експлозија ги вознемири жителите на Босански Брод.

Според првичните информации , неколку работници се повредени. Околу 22.30 часот се слушнале уште две помали експлозии. Голем број возила на Брзата помош се упатиле кон рафионеријата.

Полицијата ги предупредува жителите да не изглегуваат од дома. Чад има и на другата страна на Сава, иако ниеден жител од Хрватска не се јавил да побара помош на дежурниот телефон.

Жителите раскажуваат дека од силината на експлозијата се почуствувал и земјотрес. Дел од нив се уплашиле зашто помислиле дека повторно почанала војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top