сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 38 ново

Нова трагедија на патиштата: Загинаа четири лица

Уште една страшна несреќа се случи вечерва во Србија во која загинаа четири лица, од кои тројца кои се возеле во камион и еден во „Југо“.

Несреќата се случила кога се судриле  два камиона и две патнички возила на излезот на Свилајнац кон Деспотовац, вечерва околу 19 часот.

Повредените се хоспитализирани во болница во Ќуприја.

На местото на несреќата присутни се припадници на сообраќајната полиција и пожарникари. Сообраќајот е целосно во прекин. Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top