понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Специјалната полиција против народот во Аеродром (видео)

Тензично беше денеска на протестот во Аеродром, каде што во еденДел од граѓаните кои попладнево дојда на протестот против изградбата на деветкатница во Аеродром, гневот го истурија и врз тарабите околу градилиштето, извикувајќи  „Криминалци, надвор од Аеродром“! Во тие моменти мораше да интервенира и специјалната полиција.

На протестот излегоа неколку стотици граѓани на општина Аеродром, но и од други скопски населби кои не се согласуваат да се гради нова зграда  на зелениот простор до здравствената установа „Мајчин дом“.

Граѓаните не беа разубедени од денешната пресконференција на градоначалникот Златко Марин, бесни се заради како што велат фактот дека пред година дена стоел на истото место каде тие денес протестираат, и ветувал дека изградбата нема да се дозволи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top