понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

„Cleptone“ настапува утре во Скопје

Во Станица 26 утре точно на полноќ почнува уште една градска забава. „Cleptone“ настапува пред македонската публика со локална поддршка од Алек Солтиров.

Името на Cleptone веќе долго време се поврзува со мистика, бидејќи многумина сакаат да знаат кој е човекот зад маската.  Неговиот успех на електронската сцена е евидентен со повеќе од 260 настапи во светот каде публиката со воодушевување го очекува човекот со златната маска.

Во јуни 2018 година тој го промовираше својот нов албум „Fantast“ што е резултат од соработката со повеќе вокалисти, откривајќи различен пристап од се претходно кое тој го има досега работено.

Неговата музика се слуша на повеќе од 70 радиостаници ширум светот…што ветува неповторливо музичко патување и искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top