понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Додека во Владата се подмачкуваат, децата молат за лек

Граѓаните за овие година и половина дена се сведоци како владата на Заев и СДСМ се расфрлаат со народни пари. Владата одвојуваше пари за пијалоци, апетисани, цвеќиња сега и за лубриканти.

На страницата на Бирото за јавни набавки осамна објава дека со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје.

Додека ова се случува децата по социјалните мрежи молат за лек. Пример за тоа е 14-годишниот Кристијан Андреев тој е момче кое боледува од тежок облик на аутизам и епилепсија. Закажани се три сесии – операции на матични клетки во Истанбул, Турција кои ќе чинат 38.600 евра.

Родителите на ова момче молат за помош, а неговата сестра Јована преку видео-порака се обрати кон хуманите луѓе да донираат за нејзиниот брат да биде присутен на нејзиниот роденден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top