вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 34 ново

Започнаа преговорите за взаемно признавање на дипломите на Западен Балкан

Западен Балкан започна преговори за взаемно признавање на стручните квалификации на доктори по медицина, стоматолози, архитекти и градежни инженери.

Преговорите беа отворени на првиот состанок на главните преговарачи кои во вчера во Брисел се сретнаа со Советот за регионална соработка.

Очекуваниот исход од преговорите е да дојде до склучување на договор за взаемно признавање, со кој ќе се воспостават заеднички правила за признавање на професионални квалификации за апликантите кои ги поседуваат професионалните дипломи стекнати во една од земјите на Западен Балкан, со што им се овозможува да добијат пристап и да ја спорведат својата работа во друга земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top