сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 41 ново

ММФ предвидува раст на грчката економија од 2,4 отсто

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ревидираше своите предвидувања за развојот на грчката економија.

Прогнозата за Грција е вклучена во извештајот на ММФ за Перспективите на светската економија, презентиран денеска на годишниот состанок во Бали, Индонезија.

ММФ предвидува раст на грчката економија за 2,4 проценти во 2019 година, што е за 0,6 процентни поени повеќе во споредба со пролетната прогноза, кога Фондот предвиде раст од 1,8 отсто. За оваа година, ММФ предвидува раст на грчкиот БДП од 2 отсто.

Извештајот на ММФ, исто така, предвидува постепено намалување на невработеноста од 21,5 проценти во 2017 година на 19,9 проценти во 2018 година и на 18,1 проценти во 2019 година.

Инфлацијата во 2018 година ќе достигне 0,7 проценти, а во текот на 2019 година ќе се зголеми до 1,2 проценти.

ММФ проценува дека во годините на кризата падот на БДП по глава на жител во Грција достигна 26 отсто.

Извештајот на ММФ, исто така, ги анализира демографските трендови во земјите на ЕУ кои доживеаја двојна рецесија, како што се Грција и Шпанија.

ММФ предвидува дека континуираните ниски стапки на наталитет во иднина ќе влијаат на обновувањето на работната сила и ќе го ослабне долгорочниот економски развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top