понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Апелациониот и кривичниот суд во Скопје заробени во канџите на предавничката политика на Зоран Заев

Драконски казни за монтиран случај за набавка на блиндираниот Мерцедес во кој се возеа највисоките претставници на Држави и Влади на Европа

Михајло Маневски

Апелациониот суд и Кривичниот суд од Скопје се сведени на покорни извршители на барањата на Владата на Зоран Заев за политички прогон на поранешни функционери само од ВМРО-ДПМНЕ и нејзини преставници. Тоа се целоснио политички инструментализирани судови. Овие судови слепо и покорно му служат на Зоран Заев и на неговата погубна предавничка политика и преставуваат срам за судството во Република Македонија.

Апелациониот суд Скопје парампарче направи од светите правила на судството за непристрасно применување на правото, независно од положбата и својството на странките и за заштита и обезбедување на правна сигурност врз основа на владеење на правото. Овој суд целосно го прекрши членот 12 ставот 2 од Законот за Кривичната постапка за законитоста на доказите. Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив неможат да се користат и врз нив неможе да се заснова судска одлука. Судниците на Кривичниот суд се претворија во ехо на неправда и хаос на незаконито слушување на телефонски разговори. Тоа не се случува во ниту една судница на било кој суд и во било која држава во светот.

Во Кривичниот суд Скопје, дел на извршители на судската функција во кривичниот оддел, грубо ја погазија заклетвата дека ќе судат врз основа на Уставот и законите. Тие извршители на судската функција, подолго време вршат тортура и груба повреда на елементарните човекови права и правото на ефективна одбрана на обинетите, посебно во случаите покренати од Спрецијалното јавно обвинителство. За тие судии важат само политичките нарачки на Зоран Заев, како да пресудат правно непостоечки монтирани случаи за постигнување на политичка цел и за застрашување и уцена на граѓаните. Тие судови во “името на Зоран Заев” изрекуваат пресуди за непостоечки кривични дела и неосновано изрекуваат драконски казни и мерки.

Овие судови постапуваат сурово и нечевечки и ги рушат основните човекови права и слободи по нарачка. Реваншизмот, заплашувањето и уцената се единствените докази за кривично гонење на невини лица, со што се загрозува нивното здравјње и нивните животи и здравјето на нивните семејстава. Ваква тортура не е забележана и во најголемите и најсложени судски процеси во историјата.

 

Случајот ТЕНК ги прегази правото и правдата, совеста и заклетвата

Случајот ТЕНК преставува невиден срам за судството во Македонија од неговото постоење. Се работи за целосно конструиран случај со политичка содржина, со цел по поднесеното обвинение од политизираното СЈО да се донесе пресуда за измислено кривично дело, кое нема ниту дејствие на извршување, нема прибавена имотна корист за никого и на никого не му е нанесена некаква штета. Теоријата и практиката на кривичното право не познаваат слулај на кривично дело без последица во било каков облик. Набаваката на специлајното возило била предвидена во планот на Министерството за внатрешни работи уште во 2011 година. Ако набавката на специјалното возило беше кримимнална, зарем во него ќе се возеше канцеларкара Ангела Меркел, генералниот серкретар на НАТО Јенс Столтенберг и дузина други највисоки преставнивци на држави или органи и организации од Европа и светот.

 

Специјален третман и драконски казни на случајот ТЕНК во Кривичниот и Апелациониот суд Спопје

Апелациониот суд Скопје на 5-ти октомври соопшти дека ја потврдил пресудата со која Никола Груевски е осуден на казна затвор во траење од 2 (две) години. Тоа е сторено пред да се напише пресудата, пред да се објави на ВЕБ страницата на судот и пред предметот да се достави на Основниот суд Скопје 1, кој има законска надлежност да ја достави пресудата до странките. Зошто Апелациониот суд има посебна постапка за случајот ТЕНК? Се темпираше и времето на донесување на првостепената пресуда и времето на донесувањето и објавувањето на вротостепената пресуда.

Зошто Апелациониот суд Скопје е селективен и пристрасен? Од само 5 (пет) соопштенија на Апелациониот суд Скопје во 2018 година, две соопштенија се однесуваат за случајот ТЕНК и две соопштенија се однесуваат за одбиените жалби на обвинетите за случајот од 27-ми април. Што го натера Апелациониот суд да го прекрши законот и да ги објавува одлуките за овој случај, а тоа не го прави за другите бројни случаи во практиката за сторители на тешки кривичкни дела. Зошто Апелациониот суд нема исти аршин и зошто селективно постапува? Очигледно е дека Судот е ставен во служба на дневната политика и ги исполнува нарачките на наредбодавецот. Таков суд не е ниту самостоен, ниту независен. Тоа е пристрасен, слективен, необјективен и подјармен суд кој ги гази основните уставни начела на судска самостојност и наезависнодт .

Денес е изречена драконска казна во траење од 6 (шест) години на обвинетата Гордана Јанкуловска за непостоечко кривично дело, без било какви докази. Слушајки ја претседателката на советот, која пред камери ја објавуваше пресудата, по начинот и тонот на кој говореше, само што не се размавна со сатaр и камшик од суровост и омраза, како да се работи за најголема злосторничка.

Кривичниот суд и Апелациониот суд од Скопје се ставени во робски однос за извршување на срамните барања на нарачателот Зоран Заев со монтирани судски процеси со цел да врши обрачун со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и по секоја цена да се издејствува нивна осуда со тешки казни и мерки, без факти и без докази, на кој начин се врши влијание, уцена и притисоци.

 

Со судската власт правно и фактички раководи Зоран Заев

Во Европските правни системи не е познат случај извршната власт да раководи со судската власт. Зоран Заев како претседател на Владата, истовремено е и претседател на Советот за судски реформи. Каква е таа судска самостојност и независност, ако претседателот на Владата е истовремено и претседател на Советот за судски реформи? Тоа е во директна спротивнодст со членот 8 од Уставот на Република Македонија и темелните вредности на уставниот поредок за поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска. Тоа е спротивно на членот 1 став 2 од Законот за судовите, со која одредба судовите се дефинирани како самостојни и независни државни органи. Каква правна сигурност и каква правна заштита може народот да очекува од ваков заробен судски систем, кој на Зоран Заев му служи како маша за манипулација и пресметка со поранешните функционери и за заштита на сеприсутната галопирачка корупција во државата, без контрола и без оговорност.

 

Тортура врз обвинетите од големи размери и повреда на достоинството на линоста и правото на одбрана

И најголемите криминалци и злосторници низ историјата имале, а и денес имаат повеќе почитување на човечко достоинство и правото на одбрана, одколку обвинетите во Кривичниот суд по поднесени обвинанија, особено од СЈО. Долго време целокупната македонска јавност е сведок на изживување, тортура, омаловажување, навреди и елементарно непочитување на основните човекови права на обвинетите во повеќе случаи, особено по обвинението против 32 обвинети лица наводни “терористи” за случајот од 27-ми април во Собраниео на РМ, случаите “Тенк”, “Титаник” и многу други случаи на СЈО. Не помагаат реакциите на одбраната и на невладианта организација за Правично судење, која го следи судењето и повеќе пати укажува на груби повреди на елементарните права на одбрана на обвинетите.

На обвинетата Гордана Јанкуловска 8 пати, иако со ризична бременост и беа закажувани и одржувани рочишта во последниот месец на бременоста, а било закажано рочиште дури и на очекуваниот ден за породување. Судијата – претседател на судечкиот совет не покажал елементарно почитување на правата на обвинетата и многу сурово се однесувал спрема една бремена жена и мајка. Закажал дури 24 рочишта, одкако ја раздвоил постапката, за случај за кој постапката неможе да се раздвои. Судел врз основа на копие од списи, што е недопуштено, бидејки предметот се наоѓал по жалба во Апелациониот суд. Судијата јавно се заканил дека веќе не признава никакво боледување или медицинска документација, ниту за обвинетата, ниту за нејзиното дете и нема да дозволува одложување на судењето. Мајка на дете од неполни три месеци со денови и многу часови се држеше во судница, казнувајки го и нејзиното бебе, лишувајки го од мајчинската прегратка, да го храни и негува, а за тоа време со возилото Мерцедес, за кое судијата смета дека било “вонредно скапо”, секојдневно се возеа највисоки државници од многу држави кои доаѓаа во Македонија.

Изјавата на претседателот на советот дека траењето на рочиштата толку долго било во интерес на обвинетите, кои изјавувале дека бил невини и дека на тој начин побргу ќе завршело судњето, преставува подбив и дрска ароганција. И после изрекување на пресудата не престанало понижувањето и навредите кон обвинетата. Обвинителката од СЈО, со потсмев ја навредила обвинетата Гордана Јанкуловска, истакнувајќи дека од прислушуваните разговори “произлегло дека хуманоста не е карактеристикa на Јанкуловска”. Има бебе кое со ништо не е виновно, па наместо притвор ви предлагам “чесен суде” да изречете  дополнителна мерка на претпазливост. Сето тоа останало без никаква судска интервенција за навредите на обвинетата, а дрскоста била насочена кон бранителката на обвинетата која приговорила на изнесените навреди.

Обвинетите во случајот од 27-ми април со денови се држат во судница по 12 и по 13 часа до доцна во ноќните часови и секојдневно се изложени на тортура, навреди и омаловажување. За случајот се закажани повеќе десетици рочишта во повеќе месеци. Се врши невиден притисок врз одбраната на обвинети. Се казнуваат адвокати, кои иако уредно го известиле судот дека се ангажирани во одбрана на други обвинети лица во истиот суд, се држат седници без присуство на бранителите на обвинетите и се врши голем притисок врз обвинетите и нивните бранители, кои немаат реална можност за подготвување на одбраната. Правото на одбрана е формализирано, иако тоа право се наоѓа во самата срж на правичното судење. Не се почитува правото на презумпција на невиност. Според членот 2 од Законот за кривичната постапка, лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда. Сите државни органи, средствата за јавно информирање и другите субјекти се должни да се придржуваат до тоа правило. Во текот на кривичната постапка недозволено е сурово и нечовечко постапување, а во практиката се постапува сосем обратно, со канонада на одвратни навреди и омаловажувања и закани, многу сурово и нечовечки и со невиден медиумски линч.

Ова ли е правда? Ова ли се судски реформи? Ова ли е Кодексот на судската етика? Независноста на судството е предуслов за владеењето на правото и претставува основна гаранција за правично судење. Судијата не смее да биде под влијание на извршната и законодавната власт и во секоја пригода е должен ја брани независноста на судот од политички притисоци и влијанија.

Наспроти сите меѓународни, Уставни и законски норми и Кодексот на судската етика, судството е заробено и ставено во канџите на власта и служи за остварување на целите на една политичка номенклатура на Зоран Заев и СДСМ. Извршната власт не само што се меша во работите на судството, туку раководи со судската власт. До кога?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top