понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Столтенберг, Хан и Заев – црни гробари на Република Македонија при жив народ

 Алдо Климан

Насилничкото трио осведочени фашистони и јавачи на апокалипсата Столтенберг, Хан и Заев, по бедно пропаднатиот референдум за прифаќање на грко-фашистичкиот договор за безмилосно укинување на македонскиот народ и за целосно поништување на Република Македонија, еве, повторно се во својот валкан уценувачки филм и ги креваат студените црни знамиња против македонската, европската и светската демократија. И покрај апсолутно очебијните и непобитни факти за пораз до колена на велепредавничката и криминална политика на Заев и на неговата мрачна владејачка клика – дрско и безобѕирно инсистираат Заев да оди „до крај“! Извртувањето на вистината, измамата и лагата да се туркаат до смрт по секоја цена, што треба да ја платат македонските граѓани! Но сите од историјата многу добро знаеме за еден таков безобѕирен меѓународен милитантен криминалец, зачешлан на лева страна и со чаплиновски мустачиња, кој одеше и отиде „до крај“, а последиците за неговиот народ и за сите народи во светот беа ужасни. Така е и со нив тојцата – ќе оделе „до крај“! – само што сега чаплиновските мустачиња веќе не се во мода, но стилот и принципот им се исти.

Зошто да се оди „до крај“ кога и така сѐ е јасно, и оти им дошол мизерниот крај на велепредавникот и криминалец Заев и на заевштината! Кому му е толку густо?! Кој е толку нервозен и хистеричен поради тоа што македонскиот народ и најголемиот дел од македонските граѓани недвосмислено покажаа дека сакаат и натаму, и денес, а и во најдалечната иднина да си живеат во својот единствен дом Македонија, како што опстојуваа и среќно со векови си живееја во минатото?! Зарем тоа треба да се стори заради неколкуте дневно потрошни политички ѓубриња што ќе пропаднат на наредните национални избори во Грција и на претстојните избори за европскиот парламент?! Кој е будала да плати таква апокалиптична цена – освен будалите?!

Но барем едно е сигурно, тие меѓународни и домашни ништожници никого веќе не можат да залажуваат дека му мислат добро на македонскиот народ. Такви бајки нека си го кажуваат меѓу себе, но не и на граѓаните на Република Македонија. Зашто, ниту еден вистински и искрен пријател никогаш нема смрдливо и понижувачки да те уценува и да ти наметнува нешто спротивно на твојата волја и на твојот интерес. Ниту еден вистински и искрен пријател никогаш, па дури и да се наоѓаш на смртна постела, нема да ти каже „за тебе постои само планот А – твојата смрт!“

А токму тоа ни го велат тие осведочени уличарски ѓубриња, таа организирана криминално-политичко-милитантна група од неколку мртви души. „Или планот А, вашето национално самоубиство – или изолација“.

А каде тоа ќе нѐ изолирате, неранимајковци белосветски? Во некаков нов Аушвиц, Дахау или Бухенвалд? Или пак Македонија ќе ја претворите во таков нацистички логор за политичко и економско мрцлавење и истоштување на народот? Тоа ли се вашите пријателски пораки?! Тоа ли е вашиот аршин за хумана и цивилизирана Европа и за модерна меѓународна заедница?

Република Македонија не се наоѓа на некое далечно, диво, недостапно пустинско место на крајот од светот. Македонија е во срцето на Европа. Таа е еден од најважните стратешки, но и трговски, стопански и културни крстопати помеѓу исток и запад, помеѓу север и југ. Република Македонија има самодоволна територија, има богати ресурси од сите видови, Република Македонија има и искрени пријатели во светот, кои не се закануваат бедно како вас со изолација заради вашите освојувачки и налудничави цели. Да ја изолираш Македонија – тоа значи на Европа и на светот да им забиеш глогов колец во мев! Но, признавам, глупоста, како во вашиот случај, може да има надреални димензии!

Оставете ги македонскиот народ и Република Македонија на мир! Не го застрашувајте народот! Ние си го имаме своето заслужено место во светот, а тоа не ни го подаривте вие ракатка скородојденци! Вас едноставно ве немаше на овој свет во она време кога македонскиот народ, со својот македонски јазик и со сите други идентитетски белези си постоеше. И сега вие ќе сте нѐ укинувале! Вие, минливи мрачни сеништа!

Не треба да одиме далеку во историјата, барем не подалеку од она до што лесно допира разбирањето на секој обичен човек за да се сфати сета ваша фашистичка ништителска беда. Погледнете ги само овие факти низ непобитни бројки:

Македонската државност со апсолутно јасни дефиниции за македонскиот народ и за македонскиот јазик е втемелена со одлуките на АСНОМ на 2 август 1944 година, а од 1945 година Република Македонија е државно-правно-политички субјект во рамките на ФНРЈ, врз што се темели и нејзината државност и суверенитет од осамостојувањето од бившата држава СФРЈ во 1991 година до денес.

Ве прашувам, каде во таа АСНОМска 1944 година беше НАТО? Едноставно не постоеше! Милитантната организација НАТО е формирана дури на 4 април 1949 година, цели пет години по втемелувањето на македонската државност! И сега НАТО, низ злобната уста на Јенс Столтенберг (постмакедонски роден 1959), нам ќе ни поставува садистички услови: „или планот А – вашата национална и државна смрт, или изолација! Ова е единствена прилика во животот што нема да се повтори!“

Е, ако е единствена, и ако нема да се повтори, фала му на Господа! – зашто освен ваши бесни војувања на разни страни низ светот, ваши тормозења и разноразни мизерни закани и уцени, од вас не видовме ништо арно. Веруваме во многу посреќен свет без такви острвени воинствени организации. А впрочем, и Варшавскиот пакт, втемелен на 14 мај 1955 година, кога Република Македонија веќе одамна си постоеше, одамна го снема од светската воено-политичка сцена. Најверојатно така еден ден тоа ќе му се случи и на НАТО, но морате да знаете дека македонскиот народ и Република Македонија и тој момент уште далеку и долго ќе го надживеат.

А пак каде во времето на АСНОМ, во 1944 година, беше Европската Унија? Едноставно ја немаше! Европската заедница, како претходница на ЕУ е втемелена  дури во 1957 година, а Европска Унија дури во 1993. Во 1957 година македонскиот народ и Република Македонија, ехехеј! веќе одамна со своите стопански и хуманстички вредности ѝ придонесуваа на тогашна Европа и на светот. И сега таа Европска Унија, организација колку од вчера, низ нечесната уста на Јоханес Хан (посдтмакедонски роден во 1957), нам ќе ни поставува садистички услови: „или планот А – ваша национална и државна смрт, или изолација!“

Па, господа суртуци, на времето постоеја и други големи државни сојузи, како СССР да речеме, кои веќе не постојат. Новите историски и општествено-политички прилики ги растурија како лего коцкички, па се разбира, оправдано можеме да претпоставиме дека е сосема возможна и таква брекзитовско-полскегзитовско-унгарегзитовско и какво се‘ не сценарио. И ЕУ е само организација, втемелена врз разни „дрвено-железни“ меѓудржавни ковенции кои постојано ги покажуваат своите слабости и неотпорности. Па зарем за нешто такво ризично минливо македонскиот народ и македонската држава треба да си го стават вратот на грчкиот и ваш заеднички крвнички ќутук?!

И најпосле долгоносиот Зоран Заев, кој во Република Македонија, во село Муртино, се испилил вчера, во 1974 година, се нашол во тоа валкано фашистичко друштвенце од беден личен интерес и во интерес на оние злобни и цинични грко-фашистички пробисвети од типот на Коѕиас и Ципарс, со намера да ни ја укине Република Македонија, да го поништи македонскиот народ, и да ни ги избрише сето културно-историско минато и нашиот преубав македонски јазик што од најстари времиња до денес го пиеме со мајчиното млеко.

Вашите црни очила, ѓубриња белосветски, не ви дозволуваат да видите колку светот е убав и колку би бил поблагороден и посреќен без такви неранимајковци како вас. Но вие сте нашата македонска ноќна мора, нашата болна евроатлантска реалност со која се соочивме и со која, како толкупати во историјата, ќе мораме достоинствено и да излеземе на крај. И ќе излеземе.

Како прво, референдумот за нашето самоукинување, од кој толку очекувавте и на кој доживеавте смртно фијаско, ви остави голема, од авион видлива модра слива на окото! Јасно ви е колку е часот! Македонските граѓани не сакаат веќе да учествуваат во вашиот фашистички театар со насилен, општотрагичен крај.

Второ, ако сметате со вашиот проверен криминален „алат“, поткупување на пратениците, како толкупати до сега да ги изиграте и Уставот и законите, морате да сметате и на непоткупливиот Народ (со голема буква!) кој ве прозре и ја виде сета ваша неморална голотија и кој, и покрај безочната диктатура, и покрај воведувањето полициска држава, и покрај секојдневните политички прогони и одмазди кон неистомислениците, и покрај тоа што до последната коскичка го раскостивте и сосема го партизиравте правниот систем – и тој наш Народ исто така има свои демократски алати, што секако ќе ги почувствувате!

Сите диктатури порано или подоцна се уриваат во прав и пепел! Тоа ја чека и вашата диктатура, со сите ваши безобѕирни Столтенберзи и Ханови, и суријата други (постмакедонски, те. далеку по АСНОМ родени) европски и американски минливи и менливи политичари што преку фашистоидни звучници и мегафони го убедуваа македонскиот народ да се самоубие, а тој им го покажа средниот политички прст!

Вечно да живее Република Македонија!

Вечно да живее македонскиот народ!

Вечно во слога и разбирање на живеат сите граѓани на нашата заедничка татковина Република Македонија!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top