четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 47 ново

Судот пресуди: Минчо Јорданов мора да му плати на Ренато Вугринец

Натурализираниот Македонец и македонски ракометар, Ренато Вугринец, деновиве, својата „втора слава“ ја преживува во скопските судови. Тој пред извесно време ја доби првостепената пресуда, со која судот само потврди дека Ракометниот клуб „Металург“, односно неговиот сопственик Минчо Јорданов, му останал должен и дека платите кои му ги должат, со години наназад, треба да му бидат исплатени, објави „24 вести“.

– За жал многу луѓе се запознаени со мојот случај, поради нерешени работи со „Металург“ морав да одам на суд, повеќе од три години се влечам по судови – вели ракометарот Вугринец.

Со одлука на Владата на Република Македонија од декмври 2012 година, Ренато Вугринец се стекна со македонско државјанство. Со македонскиот пасош и под македонско знаме, во јануари и февруари 2015 година, тој настапи и на 24. Светско првенство во ракомет кое што се одржа во Катар, но само еден месец подоцна, на меч во којшто со девет голови ќе биде најефикасен играч, Вугринец ќе ја прекине соработката со неговиот „Металург“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top