сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 38 ново

Вработените од „Еурокомпозит” на протест пред влада: Премиерот лаже, вицепремиерот суши (фото)

Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска повторно протестираат пред владата. Тие пред владината зграда пристигнаа околу пладне кога го започнаа протестот кој го оргзнизираат со цел да се изборат за своите права и да ги добијат заостанатите плати и ветените отприемнини што државата им ги должи на работниците од оваа фабрика. Дел од нив се внатре во владата на преговори со надлежните.

– Премиерот лаже, вицепремиерот суши, на кого да му веруваме, пишува на еден од транспарентите кои вработените од „Еурокомпозит“ го носеа со себе на протестот.

Планот за спас на фирмата предвидува околу 130 вработени да бидат прогласени за технолошки вишок, а потоа преку стечајна постапка фабриката да се продаде на инвеститор. Но, државата нема пари да им плати отпремнина на работниците што ќе потпишат да останат технолошки вишок.

Како што изјавија од синдикатот минатата недела, истакнат е список за технолошки вишок, а стигнало и соопштението, но нема никаде гаранции за исплата на отпремнините, зашто фабриката нема пари, а нема гаранција ниту од владата. Вработените се ревотирани и бараат итно да се донесе и Законот за технолошки вишок.

Компанијата веќе подолго време не е рентабилна. На вработените им се должат 20 тина плати, а придонесите не им се платени повеќе од 6 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top