вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 34 ново

МНТ со претставата „Кец на десетка“ гостува на „Денови на комедија“ во Куманово

Комедијата „Кец на десетка“ во продукција на Македонскиот народен театар на 9 октомври ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во рамките на програмата на 21. фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово. Фестивалот почна на 2 октомври и ќе трае до 18 октомври со гостување на театри од Србија, Албанија, Бугарија, Ерменија и од Македонија.

Во комедијата „Кец на десетка“ играат: Александар Микиќ (Таткото Доксе) Тања Кочовска (Мајката Грациела), Нина Деан (Ќерката Ана) и Ивица Димитријевиќ (Тоше). Премиерата на претставата „Кец на десетка“, според текстот на Митко Бојаџиски, а во режија на Дрaган Спасов – Дац, се одржа на 17 ноември 2017 година.

„Кец на десетка“ е комедија со спонтан и природен хумор што брзо ја освојува публиката и лесно комуницира со неа. Текстот на претставата има едноставна мисија – да ја воведе публиката во ситуацијата на едно сосема нормално семејство кое ќе се собере за да се запознае со идниот зет. Со желба секој од семејството да остави максимален впечаток и да го покаже најдоброто од себе работите тргнуваат во поинаков правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top