сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 36 ново

Марина Туцаковиќ и Цеца едногласни: „Сè е во божјите раце“

Популарниот текстописец и автор на најголемите хирови во регионот, Марина Туцаковиќ, се врати од Германија, каде што отпатува пред неколку месеци на експериментално лекување, по операцијата што ја имаше во февруари годинава. Како што вели, се чувствува подобро, но се’ уште нема закрепнато целосно. Сепак, почна да работи, и тоа на новиот албум на својата драга пријателка Цеца Ражнатовиќ.

Доста сум подобро, не можам да кажам дека сум како порано, но подобро сум.

„Марина отсекогаш беше професионална, во тоа нема дилема. Добив доста песни, ги преслушувам мелодиите. Важно ми е што Марина се врати, без неа не можам да функционирам, ниту, пак, такво нешто ми паѓа на памет. Ние сме 25 години неразделни, и приватно сме доста блиски. Кога на некој непознат ќе му се случи тоа што и’ се случи на Марина, се потресуваш и даваш се’ од себе таа личност да закрепне. Сепак, на крај, се’ е во божјите раце“, изјави Цеца за медиумите.

Марина отсекогаш беше професионална, во тоа нема дилема. Добив доста песни, ги преслушувам мелодиите. Важно ми е што Марина се врати, без неа не можам да функционирам, ниту, пак, такво нешто ми паѓа на памет. Ние сме 25 години неразделни, и приватно сме доста блиски. Кога на некој непознат ќе му се случи тоа што и’ се случи на Марина, се потресуваш и даваш се’ од себе таа личност да закрепне. Сепак, на крај, се’ е во божјите раце“, изјави Цеца за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top