сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 38 ново

Тијана за малку не станала Македонка, Фани требало да се вика Сања

Една од работите што нè следи цел живот е името. Секое има посебно значење кое во најголем дел ја опишува личоста која го носи. Изборот, пред сè, зависи од желбата и вкусот на родителите, но порано не било така. Секогаш поизвикани се оние имиња кои ги носат личности кои се занимаваат со јавна професија. Меѓу нив и познатите од македонската музичка сцена кои имаат интересни приказни.

Ламбе Алабаковски е еден од неколкумината на естрадата кој има православно, но специфично име. Потекнува од Харалампиј, а било планирано за постариот брат на Алабаковски.

– Дедо ми Ламбро не сакал тој да го носи неговото име и моите родители ја испочитувале неговата желба. Сепак, по седум години кога се родив јас веќе било неизбежно – откри тој.

Пејачката и диџејка Фани Христова името го добила по баба ѝ. Открива дека требало да се вика Сања по пејачката Сања Долежал од „Нови фосили“.

„Кума“ на Тамара Тодевска е нејзината постара сестра, а во една прилика пејачката откри дека Тијана првично било планирано да се вика Македонка.

Повеќе на Женски муабети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top